Храната на глобално ниво во најчести случаи е нездрава, хемиски зависна и преработена. Супер маркетите го поддржуваат масовното производство на едносезонски хомогенизирани производи како и постојаното глобално лето не е природно.
Нашето здравје страда како резултат на преработената и неприродна храна и нашите “непца” се навикнати на овошје и зеленчук, кои имаат малку или никаков вкус и кои изгледаат вештачки совршени.

 

Здраво е
Истражувањата продолжуваат да покажуваат дека есенцијалните витамини и минерали се повисоки во многу органски прехранбени производи. Во просек, органската храна содржи повисоки нивоа на витамин Ц и есенцијални минерали како што се магнезиум, железо и хром, како и антиоксиданти за борба против ракот.

Без Адитиви
Органската храна не содржи адитиви за храна, што може да предизвика здравствени проблеми како што се срцеви заболувања, астма, остеопороза, мигрена, алергии на храна и хиперактивност. Меѓу забранетите адитиви според органските прописи се хидрогенизирани масти, аспартам и мононатриев глутамат и сите вештачки бои, ароми и засладувачи.

Избегнување Пестициди
Повеќе од 400 хемиски пестициди рутински се користат во конвенционалното земјоделство. Остатоците од овие пестициди редовно се наоѓаат во висок процент на овошје и зеленчук, а во 2004 година Европската комисија изјави дека ризикот по здравјето на луѓето повеќе не може да се отфрли и негира.

Против Генетско Модификување
Генетски модифицираните организми или култури не се дозволени според органски стандарди.

Неупотреба на Лекови
Постои зголемена загриженост во врска со високата употреба на антибиотици врз животинските фарми и можниот ризик за здравјето. Органските стандарди забрануваат рутинска употреба на антибиотици.

Највисоки стандарди
Органската храна доаѓа од проверени извори. Сите органски фарми и прехранбени компании се проверуваат најмалку еднаш годишно за да се утврди усогласеноста со регулативата за органско производство.

Добро за Околината
Истражувањата покажаа дека органското земјоделство е подобро за околината, создава помалку загадување од спрејови и произведува помалку јаглероден диоксид од глобалното затоплување.

Врвен Вкус
Многу луѓе ја избираат органската храна бидејќи според нив истата има подобар вкус.